1. Видеонадзор (CCTV системи)

Нудиме целосни решенија за видеонадзор – од проектирање до инсталација и одржување. Работиме со брендови како Dahua, познати по својата доверливост и квалитет. Нашите системи овозможуваат 24/7 надзор, снимање во висока резолуција, далечински пристап преку мобилен телефон и интелигентна анализа на слика.

Вклучува:

  • IP и аналогни камери 2,4,6,MP 4K  (смарт,колор)
  • NVR/DVR системи
  • HDD 1,2,4 TB
  • Специјализирани камери(термални,препознавање на рег.таблици)
  • Видеонадзор со мобилен пристап

  • Видеоаналитика (аудио,детекција на движење,смарт опција)


2. Паркинг рампи и лизгачки мотори

Инсталираме електромеханички паркинг бариери, системи за контрола на пристап за возила и напредни решенија за автоматска регистрација на возила (ANPR). Соработуваме со водечки брендови како FAAC&BLIZZARD за максимална сигурност и издржливост.

Решенија за:

  • Паркинг рампи (крак 4,5,6 метра)

  • Лизгачки мотори (500кг,900кг)

  • Контрола со RFID, далечински управувачи, тастатури,СМС модул

  • Интеграција со видеонадзор и контрола на пристап


3. Алармни системи

Инсталираме алармни системи за домови, канцеларии и индустриски објекти. Користиме безжични и жичени системи од брендот Ajax,Dahua,Tuya, кои овозможуваат брзо инсталирање, сигурно детектирање и кориснички пријатна мобилна апликација за следење во реално време.

Функции:

  • Детекција на движење, вибрации, чад, вода

  • Внатрешни и надворешни сирени

  • Мобилни известувања и интеграција со други системи

  • Брза и чиста инсталација без кабли (бежична опција)


4. Контрола на пристап

Нудиме решенија за контрола на влез и излез во објекти – од едноставни системи со тастатура до напредни биометриски уреди. Системите се идеални за деловни простории, институции и приватни објекти.

Можности:

  • Шифрарници,биометриски читачи (прст, лице)

  • RFID картици и тастатури

  • Магнети и електрични брави

  • Тастери

  • Контрола преку мобилна апликација

  • Централизирано управување со повеќе врати

  • Евиденција на пристигнувања и заминувања

5. Видеофонија&Домофонија

Современи системи за видео комуникација меѓу влезот и корисниците во објектот. Нудиме видеоинтерком решенија со HD слика, аудио комуникација и мобилен пристап – со или без Wi-Fi.

Типови:

  • Видео интерком системи за индивидуални и колективни објекти

  • Поврзување со паметни телефони

  • RFID картици и тастатури

  • Далечинско отворање на врата

  • Отварање преку шифра

  • Дневен/ноќен режим


6. Озвучување на објекти

Инсталираме професионални системи за озвучување на деловни простории, угостителски објекти, училишта и јавни институции. Решенијата овозможуваат кристално јасен звук, зона по зона контрола и поддршка за различни извори на аудио сигнал.

Понуда:

  • Вградени звучници за ентериер и екстериер

  • Контролни панели и аудио дистрибуција

  • Решенија за фон музика, PA системи и итни известувања

  • Интеграција со други системи (на пример, аларм или видеофонија)

7. Напојувања и кабли

Во рамките на секој наш безбедносен, автоматски или смарт систем, посветуваме особено внимание на квалитетната инфраструктура за напојување и каблирање, бидејќи токму тие се основата за стабилна и долготрајна функционалност на системите.

Нудиме и инсталираме широк спектар на DC и AC напојувања, специјализирани за сигурно и стабилно функционирање на чувствителни електронски уреди како што се камери, сензори, контролни панели и автоматика.

Видови:

  • 12V DC напојувања за камери, видеорекордери и аларми,уреди за пристап

  • 24V/48V DC за пософистицирани системи или долг кабелски опсег

  • AC напојувања за автоматика (FAAC мотори и рампи)

  • UPS (Uninterruptible Power Supply) системи за непрекинато напојување

  • Напојувања со батериска резерва за аларми и системи за итни случаи


Кабли – сигурност преку секој метар

Користиме квалитетни, сертифицирани кабли според намената на системот, со соодветна заштита од електрични пречки, влага и механички оштетувања.